Во рамки на превентивно оперативниот план на МВР, „Безбедно лето 2023“, Секторот за внатрешни работи Битола, во текот денов (21.09.2023), како и вчера реализираше низа превентивни активности овој пат под мотото – „Слави со срце не со оружје“, а во насока на спречување на употребата на оружје при веселби и прослави. Така, во централното подрачје на Крушево со месното население беше разговарано за опасноста која демне од неовластено пукање со огнено оружје или употребата на забранетите пиротехнички средства на разни свечености како и за законските последици што произлегуваат од таквото поведение.
Во општина Новаци, полициските службеници од Полициското одделение Новаци при СВР Битола беше реализирана превентивната активност под мото „Сигурноста и безбедноста на граѓаните е наша обврска“, посветена на заштитата од имотни деликти. При тоа во разговор со жителите на Новаци, пред се со сопствениците на колонијалите продавници полициските службеници укажуваа како да се заштитат од кражбите, измамите и разбојништва. Воедно, во Ресен беа реализирани активности за заштита од пожари во координација со шумската полиција при што беше делен и едукативен материјал изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.