20 септември 2023

„Безбедно од дома до училиште“, превентивна активност за учениците во Кавадарци

Денеска (20.09.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес на подрачјето на Кавадарци реализираа превентивна активност под мотото „Безбедно од дома до училиште“, којашто практично е дел од кампањата на МВР за безбеднoст на учениците и училиштата. Превентивната активност беше реализирана на приодите кон повеќе училишта во Кавадарци, и притоа на учениците и на децата од предучилишна возраст полициските службеници практично им ги презентираа основните сообраќајни правила и прописи, со посебно внимание на значењето на вертикалната и хоризонтална сигнализација, а сѐ со цел безбедно доаѓање и заминување од училиште на децата, како и нивно безбедно преминување преку раскрсница. Исто така, на децата им беше беше поделен и наменски едукативен печатен материјал.