Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од годишната програма за работа, денеска (19.09.2023) во општина Чучер Сандево беше реализирана превентивна активност на подрачје на Полициското одделение Мирковци, а во координација со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција, посветена на превенција од шумски пожари и заштита на шумскиот фонд.
Притоа, на средбите со жители од локалните полициските службеници презентираа низа практични информации во насока на внимателно и одговорно однесување во шумски и други рекреативни средини, а особено беше нагласена потребата од вниматеност при извршување земјоделски работи, пред сѐ во поглед на палањето на меѓи и стрништа со сува трева. Воедно, на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини изработени во соработка со ЈП “Национални шуми“.