Денеска (19.09.2023) од страна на Отсек за превенција при СВР Велес во Основното општинско училиште „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари, велешко, беше спроведена едукативна работилница по повод „Европски ден на мобилност“, а на тема „Безбеден сообраќај, безбедни велосипедисти, безбедни пешаци“.
Едукативната работилница беше реализирана заедно со претставници од општина Велес и од Здружение на граѓани „Велес Бајкерс“, кои што на работилницата пристигнаа со велосипеди и одржаа дополнително кратко предавање во врска со велосипедите и начинот и правилата кои треба да се почитуваат при движење во сообраќајот.
На присутните ученици од шесто до деветто одделение од страна на полициските службеници им беа презентирани најбитните информации околу нивната безбедност во сообраќајот, како и за безбедноста на велосипедистите и пешаците, особено во поглед на законските правила и прописи што треба да се почитуваат со цел да не дојде до несакани последици. Воедно на децата им беа поделени и наменски едукативни материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.