Денеска (18.09.) на повеќе локации во Делчево полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Делчево, реализираа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, а под мотото - ,,Вози одговорно -стави појас“ и „Сите ние сме пешаци“.
За време на превентивните активности, на граѓаните покрај непосредните укажувања за важноста од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, им беа делени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Целта на активноста беше да се зголеми севкупната безбедност во сообраќајот на патиштата.