Вести

18 септември 2023

Средба помеѓу министерот Оливер Спасовски и новоназначениот Амбасадор на Република Австрија Н.Е. Мартин Памер

Денеска, (18.09.2023), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари протоколарна средба со новоназначениот Амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија, Н.Е. Мартин Памер.

На средбата се разговараше за одличната соработка, првенствено меѓу двете земји, со тоа што Република Австрија е странски инвеститор број еден во нашата земја, а истовремено се нагласи одличната соработка во полето на внатрешните работи, како и посветеноста на различни актуелни теми, како што се посветеноста на регионалната и глобалната безбедност, борбата против тероризмот, кибер криминалот, борбата против криумчарење на луѓе и илегалната миграција, како едни од приоритетните области.

Во оваа прилика, од страна на Амбасадорот Памер беше нагласена поддршката од австриска страна за интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ. Притоа, тој ја изрази надежта за што побрза интеграција и уште поголемо продлабочување на односите помеѓу двете земји.