18 септември 2023

106 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

 На 17.09.2023 во времето од 10.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 106 прекршување на брзината, од кои 53 на подрачје на Радовиш, 28 на подрачје на Струмица, 14 на подрачје на Валандово и 11 на подрачје на Гевгелија.

Од нив, 57 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 49 во населено место, од кои 3 возила се движеле со брзина над 50 километри над час повеќе од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.