17 септември 2023

Превентивна активност на СВР Тетово


Во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023" денеска (17 септември) полициски службеници од СВР Тетово реализираа превентивна активност, чиј носител беше Отсекот за превенција. На пазарот во гостиварското село Неготино на средби со граѓаните (продавачи и купувачи) им се делеа летоци, а полициските службеници споделуваа и информации и совети со нив - како најефикасно да се заштитат од џебни и други кражби и измами. Притоа, посебно им беше укажано да внимаваат кога стапуваат во контакт со непознати лица кои им нудат производи и услуги со непознато потекло и квалитет, да бидат крајно претпазливи со паричниците, а доколку забележат сомнителни лица и ситуации, брзо да ги пријават на бесплатниот број 192 или 112 или во најблиската полициска станица.

На граѓаните, исто така, им беше нагласена потребата од натамошна двонасочна соработка со полицијата и градење и унапредување на меѓусебната доверба во справувањето со сите видови криминал на нивното и поширокото подрачје. Идната недела вакви активности ќе следат и на пазарите во Тетово и Гостивар, со цел навреме да се пресретнат можните кражби и измами.