17 септември 2023

Превентивни активности на СВР Битола

На 16.09.2023 полициски службеници од Полициската станица Ресен и Полициската станица Крушево при СВР Битола во централните градски подрачја на Ресен и Крушево реализираа превентивна активност со граѓаните под мото "Безбедна заедница, мирна заедница". На средбите со граѓаните беше разговарано за начините за заштита од кражби и измами и злоупотреба на лични податоци, а им беа поделени и информативни летоци.

Во Крушево,исто така, беше реализирана и превентивна активност во насока на побезбеден сообраќај под мото "Вози одморен" и "Стави појас", при што на возачите на моторни возила им се укажуваше на важноста од користење на сигурносен појас и колку е важен одморот на возачот при патување на подолги релации .На возачите им беше поделен и едукативен материјал со препораки за побезбеден сообраќај.