16 септември 2023

Полициски службеници од СВР Скопје пронајдоа двајца малолетници пријавени дека се оддалечиле од домот

Денеска (16.09) во 14 часот полициски службеници од СВР Скопје пронајдоа двајца малолетници кои од страна на нивната мајка М.М. денеска околу 04 часот беа пријавени дека се оддалечиле од домот. Двајцата малолетници и претходно неколку пати се оддалечувале од домот и биле враќани од страна на полицијата. Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и малолетниците се пронајдени и ќе бидат вратени на родителите.