14 септември 2023

Превентивни активности на РЦГР Север

Согласно aкциониот план за превенција на Регионалниот центар за гранични работи Север, а во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ вчера (13.09.), беше реализирана превентивна активност за заштита на шумите. Полициски службеници за превенција при РЦ за ГР Север, во соработка со Полициските станици за граничен премин и граничен надзор Пелинце и Крива Паланка, по претходно подготвен план на дел од станичните подрачја (Граничен премин Пелинце, селата Герман, Огут, Нерав, Голема Црцорија и Луке) одржаа повеќе средби со месното население од овие места.

Притоа, со граѓаните беше разговарано околу одредбите од Законот за шуми, особено во делот на бесправни сечи на шума и шумски површини, пред се во делот на санкциите, вклучително и кривичната одговорност. Полициските службеници апелираа до граѓаните за стриктно почитување на законските прописи и одговорно однесување кон шумскиот фонд кој што е јавно добро во интерес и на локалните средини, но и во интерес на општеството во целина.