14 септември 2023

Превентивни активности на СВР Куманово за побезбеден сообраќај

Вчера (13.09) полициски службеници од СВР Куманово во основните општински училишта „Браќа Рибар“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Кочо Рацин“ и „Вук Караџиќ“ во Куманово за учениците првачиња спроведоа едукативно-превентивни предавања од областа на сообраќајот.

Во рамките на предавањата полициските службеници ги запознаа децата со основните сообраќајни правила и прописи, потоа со тоа како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, односно пешаци, но и како да се однесуваат и на што да внимаваат кога возат велосипед или тротинет. Исто така, им беше објаснето значењето и важноста на хоризонталната и светлосната сигнализација, како и задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник- сообраќаец. Покрај ова беа одржани и работни состаноци со стручни лица од училиштата за навремено детектирање на било кое девијантно однесување помеѓу младите и нивно брзо и ефикасно решавање.