Денеска (12.09.) полициски службеници од ОВР Крива Паланка во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, во централното градско подрачје на Крива Паланка, реализираа превентивно едукативна активност. Под мотото „Безбедна и сигурна заедница“ полициските службеници во непосреден контакт со граѓаните им укажуваа на начините за превенција од имотни деликти особено кражбите, разбојништвата и измамите. Особено внимание, притоа, беше посветено на информирање на повозрасните категории граѓани, пред се пензионерите. Исто така, на граѓните им беше потенцирана и важноста од соработката и навремената комуникација со полицијата во насока на ефикасно и брзо откривање на овие облици на криминал.
Покрај тоа на граѓаните им беа поделени и летоци со информативни содржини од областа на имотните деликти.