11 септември 2023

Превентивни активности на СВР Струмица

Во текот на вчерашниот ден (10.09.) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во повеќе населени и излетнички места на подрачјата на општините Струмица, Ново Село, Василево и Босилово, спроведоа превентивни активности во рамките на проектот „Безбедно лето“, за заштита од пожари.
Преку непосреден разговор и со делење на едукативни летоци изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, граѓаните беа запознавани за потребата од совесно и одговорно однесување во природа, со цел максимално да придонесат во превенцијата од шумски пожари, но и за потребата од навремено пријавување во полиција и во другите надлежни институции доколку се забележи пожар на одреден простор.

Превентивни активности, вклучително и од областа на имотните деликти, беа спроведени и на подрачјата на Одделенијата за внатрешни работи Радовиш и Валандово. Така, на подрачје на Радовиш полициски службеници во разговор со граѓаните укажуваа за превентивните мерки кои истите треба да ги преземат со цел заштита на нивниот имот од кражби, а на подрачје на Валандово активностите беа фокусирани на укажување за неопходната заштита на шумите, односно шумскиот фонд и мерките кои граѓаните би можело да ги преземат за да не дојде до пожари, како и околу законските санкции и казнените одредби за оние кои намерно ги предизвикуваат истите.