Денеска (05.09.) на подрачје на ПС Кочани полициски службеници од оваа организациона единица при СВР Штип, во Кочани спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот, а под мотото –„Паркирај совесно, паркирај одговорно“.
Целта на оваа активност беше насочена кон подобрување на безбедноста во сообраќајот, како за возачите, така и за останатите учесници во сообраќајот, пред се пешаците и велосипедистите. Во рамки на активноста на граѓаните им беа делени летоци со информативни содржини во делот на правилното паркирање, а изработени во соработка со РСБСП.
Покрај ова, денеска и Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип и полициски службеници од ПС ОН Штип, со вработените на неколку бензински пумпи на подрачјето на градот спроведоа превентивно едукативни активности на тема „Бизнисот и безбедноста на граѓаните-Наша обврска“. На средбата полициските службеници им дадоа низа практични информации и совети на вработените околу заштитата од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба и др.) при што особено беше потенцирана неоппходноста од соработка и благовремено и точно алармирање на полицијата пред се преку бесплатните телефонски броеви 112 и 192.