На 01.09.2023, во рамки на проектот „Безбедни училишта“, а по повод првиот училишен ден од учебната 2023/2024, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги посетија првачињата од основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.
Како и секоја учебна година, на својот прв училишен ден првачињата имаа можност да се дружат со полициските службеници, а при тоа добија совети како и каде безбедно да ја поминат улицата, односно беше направена практична демонстрација на правилно и безбедно поминување на пешачки премин и семафор.