01 септември 2023

Превентивни активности на СВР Битола

По повод започнувањето на новата учебна година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, денеска (01.09) во Битола во основното училиште „Климент Охридски“ како и во училиштата во останатите градови во рамките на секторот ги посетија првооделенците и одржаа едукативна работилница во рамките на проектот „Безбедно во сообраќајот“. Притоа, учениците беа запознаени со основните правила во сообраќајот и како безбедно да стигнат од дома до училишните клупи и назад. Во рамките на активноста првооделенците заедно со полициските службеници преминуваа и безбедно на пешачки премин, а воедно на сите нив покрај честитките полициските службеници им посакаа успех во новата учебна година.

Вчера пак, во рамки на СВР Битола, се реализираа низа превентивни активности под мотото „Слави со срце не со оружје“. Така во централното подрачје на Крушево со месното население беше разговарано за опасноста од неовластено пукање со огнено оружје на разни свечености како и за законската последици при употреба на истото.

Во Ресен, полициските службеници од ОВР Ресен реализираа превентивни активности околу заштитата од пожари, како и околу темата под мото „Сигурноста и безбедноста на граѓаните е наша обврска“, при што во централното подрачје на Ресен и во градскиот пазар граѓаните беа информирани како да се заштитат од кражби, измами и разбојништва.