Денеска (31.08.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, беше спроведена превентивна активност под мотото - „Лето без пожари“.
Во активностите кои што беше реализирани на подрачјето на Кавадарци, односно на патни правци кон селата Росоман и Возарци, во разговор со граѓаните од страна на полициските службеници беше укажано на потребата од максимална совесност и грижа за шумите, особено во овој период, и како и каде да граѓаните да ги пријавуваат пожарите, односно за начините за превенција и заштита од пожари
Целта на превентивната активност беше подигнување на јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при патување и други рекреативни активности во шумите, во близина на патиштата со посебно внимание околу ризиците за настанување на пожари од фрлање отпушоци од несовесни возачи кои се најчеста причина за предизвикување и избувнување пожар во близина на патиштата.
Покрај ова, денеска Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачјето на ОВР Кавадарци реализираше и едукативна акција околу безбедно управување на земјоделската механизација. Целта, пак, на оваа активност беше насочена кон потсетување на возачите на земјоделска механизација за нормативните обврски при управување со овие средства, нивно правилно користење по патиштата и во сообраќајот, и подигање на свеста околу важноста од техничко исправност на овој вид возила со механизација, а во насока на безбедно учество во сообраќајот.