31 август 2023

Приведен криминалец баран за издржување затворска казна

 На 30.08.2023 во 12.40 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода Д.М.(38) од Кратово. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кратово за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.