29 август 2023

Превентивни активности на ОВР Крушево и Ресен

Денеска (29.08.), а и во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Крушево и Ресен, при СВР Битола, согласно оперативниот план „Безбедно лето-2023“ спроведоа превентивни активности на тема: „Вози одморен - стави појас“. Притоа, во централното градско подрачје на Крушево и Ресен, како и на излезите кон туристичките места во овие региони полициските службеници споделуваа корисни совети со граѓаните за безбедно учество во сообраќајот, а особено да се внимава на заморот и неговото влијание на возењето и сообраќајната безбедност. Покрај корисните и практични информации и совети на граѓаните им беа делени и информативно-едукативни летоци.

Во Ресен, пак, вчера беше реализирана и превентивна активност за заштита на шумите од пожари и од бесправна сеча, при што полициски службеници на граѓаните преку директна комуникација им укажуваа за ризиците од пожари, за законските последици од предизвикување пожари или бесправна сеча на шуми, а воедно на граѓаните им беше поделен и печатен материјал со едукативна содржина со цел да се подигне свеста и одговорноста во поглед на превенцијата и заштитата на шумскиот фонд од пожари.