Во рамките на акциониот план за превентивни активности од страна на СВР Штип- Отсекот за превенција во содејство со полициски службеници од Полициската станица Штип и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип денеска (28.08.) во с.Козјак и археолошкииот локалитет Баргала спроведена е превентивна активност при што полициските службеници на граѓаните преку директна комуникација им укажаа на потребата од внимателност за да не се предизвикаат пожари, како и дека е законски казниво палењето на нивните обработливи земјоделски површини и стрништа. Воедно, на граѓаните им беше поделен печатен материјал со едукативна содржина со цел да се подигне свеста да не фрлаат запаливи предмети, неизгаснати догорчиња, како и тоа да не се пали оган на отворен простор, а со цел да се спречи предизвикување пожар во шумите и други места. На граѓаните им беа поделени и совети како да се заштитат од кражби и разбојништва.