28 август 2023

Превентивна активност на СВР Велес во Кавадарци

Вчера (27.08) во Кавадарци Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со полициски службеници од Полициската станица Кавaдарци, како и претставници на Центарот за социјални работи и во присуство на градоначалникот на овој град, ги реализираа таканаречените „соседски патроли“, активност која што е фокусирана на превенција на разните девијантни појави меѓу младата популација (основци и средношколци). Притоа беа посетени угостителските објекти, паркови и други места каде во ноќните часови се собираат и задржуваат младите. Целта на активноста е и преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос помеѓу полицијата и граѓаните и зголемување на нивото на безбедност во градот вклучително и меѓу најмладата популација. На граѓаните им беа поделени и печатени летоци со соодветна содржина изработени од Отсекот за превенција на СВР Велес.