Во рамките на континуираните превентивни активности на полициските службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Национални шуми и Шумска полиција, денеска (26.08) во општина Сопиште, во Горно Соње и Долно Соње, реализираа превентивни активности согласно Оперативниот план „Безбедно лето 2023“, а во рамки на кампањата за заштита на шумите од пожари.
Во рамки на активноста полициските службеници преку директна комуникација на граѓаните им укажаа на потребата од внимателност за да не се предизвикаат пожари, како и дека е законски казниво палењето на нивните обработливи земјоделски површини и стрништа. Воедно, на граѓаните им беше поделен печатен материјал со едукативна содржина со цел да се подигне свеста да не фрлаат запаливи предмети, неизгаснати догорчиња, како и тоа да не се пали оган на отворен простор, а со цел да се спречи предизвикување пожар во шумите и други места.