Денеска (25.08.) полициски службеници од Полициската станица Пробиштип во селата Добрево, Древено и Злетово во склоп на Оперативниот план „Безбедно лето“ спроведоа превентивна активност под мотото: „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправна сеча“. Преку непосредна комуникација со жителите на овие села, беше укажано на значењето на шумите и начините за нивната заштита, последиците од пожарите и незаконско сечење на шумите, како и потребата од почитување на делумната забрана за движење во шума. Исто така, беше потенцирано дека е потребно совесно и одговорно однесување при движење и престој во шумите, а при тоа беа поделени и летоци со едукативна содржина.