На 23.08.2023 полициските службеници од Регионален центар за гранични работи Исток реализираа превентивна активност во Делчево на теми „Лето без пожари 2023“, „Безбедно на мотор“ и „Превенција од сторување гранични инциденти“.
Полициските службеници ги запознаа граѓаните со причините за шумските пожари и последиците од нив, делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште од 06.00 часот до 20.00 часот, предвидените законски санкции согласно Кривичниот законик, Закон за шумите, Закон за ловство, Закон за земјоделско земјише и предвидената глоба за физички лица за непочитување на забраната за движење во шума и шумско земјиште.
Исто така, граѓаните беа запознаени со Законот за гранична контрола во делот на граничните инциденти и повредите на државната граница, за соработка со граничната полиција кога имаат активности во близина на државната граница, а беше укажано и на неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи.