24 август 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Вчера (23.08.2023) полициски службеници од СВР Битола во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ преку Одделенијата за внатрешни работи реализираа превентивни активности каде што акцентот беше ставен на заштита на имотот на граѓаните, заштита од кражби, измами и разбојништва, но и превенција од неовластената употреба на оружје при свадби и други прослави. Целта на активноста е заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти. На граѓаните им беа поделени и печатени едукативни материјали.