На 23.08.2023 на ул. „Булевар Македонија“ во централното градско подрачје во Делчево реализирани се превентивни активности под мотото „Лето без пожари-заштита на шумите и зелените површини од пожари“ и „Вози одговорно-стави појас“. Во непосредни разговори со граѓаните, тие беа запознаени со најчестите причини за настанување на шумските пожари и беше нагласена потребата од внимателност и одговорност кога се движат во или во близина на шуми односно да не ги фрлаат догорчињата од цигари или други запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожари. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.
Полициските службеници од ОВР Делчево реализираа и превентивна активност ,,Вози одговорно-стави појас“, при што на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина во врска со задолжителното користење на сигурносниот појас, важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, а им беа делени и корисни совети во непосредна комуникација со нив.