Во рамките на континуираните превентивни активности на полициските службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Национални шуми и Шумска полиција, денеска (22.08) во општина Студеничани реализираа превентивни активности согласно Оперативниот план „Безбедно лето 2023“, а во рамки на „Кампањата за заштита на шумите од пожари“ .
Во рамки на активноста полициските службеници преку директна комуникација на граѓаните им укажаа на потребата од внимателност за да не се предизвикаат пожари, како и дека е законски казниво палењето на нивните обработливи земјоделски површини и стрништа. Воедно, на граѓаните им беше поделен печатен материјал со едукативна содржина со цел да се подигне свеста да не фрлаат запаливи предмети, неизгаснати отпушоци и догорчиња, како и тоа да не се пали оган на отворен простор, а со цел да се спречи предизвикување пожар во шумите и други места.