Денеска (22.08.) полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес на подрачјето на oпштина Кавадарци спроведоа превентивна активност под мотото ,,Безбедно управување со моторно возило“ согласно оперативниот план ,,Безбедно лето 2023“.
Целта на активноста е насочена кон потсетување на сите учесници во сообраќајот за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, внимателно управување на возилата, мотоциклите и велосипедите. При спроведувањето на превентивната активност на магистралниот пат Градско - Прилеп на возачите им беа поделени и печатени едукативни материјали.