На 19.08.2023 полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Општинскиот совет за детско престапништво Куманово во просториите на СОУ „Перо Наков“ во Куманово организираа ликовен натпревар за ученици од сите основни училишта на подрачје на општина Куманово на тема „Безбедно лето за сите деца“.
Целта на оваа превентивна активност е младите да се насочат кон уметноста, спортот, меѓусебно другарување, надминување на разликите и на тој начин да се спречи појавата на асоцијалното однесување и детско престапништво кај младите.