Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со Шумска полиција Тетово и "Национални шуми"-Тетово денеска (20 август) реализираа повеќе превентивни активности за заштита од пожари, а чиј носител беше Отсекот за превенција.На поголем број возачи им се делеа летоци и информации и совети - како да се однесуваат и максимално да придонесат да се спречат пожарите на отворено.Притоа, посебно им беше сугерирано од возилата да не фрлаат неизгаснати опушоци и догорчиња, но и стаклени шишиња, а кои можат да предизвикаат пожари со несогледливи материјални и други последици.Вакви активности, инаку беа реализирани и во претходните два месеци, кога во Тетово и Гостивар, на неколку пунктови, се делеа наменски изработени летоци.
Основна цел на овие активности е да се подигне свеста и културата на возачите, но и на другите граѓани, во секој момент да внимаваат со запалките и другите лесно запаливи материи, кои можат да причинат пожари на нивите, шумите и на други места.