18 август 2023

Превентивни активности на СВР Битола

 Денеска (17.08) од страна на полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Ресен, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод, како и полициски службеници од Полициските одделенија Новаци и Ропотово, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ беше спроведена превентивна активност под мотото - „Лето без пожари“. Активноста беше реализирана на излезите кон излетничките места и планинските предели и селата во надлежност на овие организациони единици при СВР Битола. При тоа, полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, пренесувајќи практични информации за тоа како и каде да ги пријавуваат пожарите, потоа за начините за превенција и заштита на шумите, со посебен осврт на донесената забрана за движење во шумски појас во овој период. Дополнително, на возачите на моторни возила им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите и да не фрлаат догорчиња од цигари или друг запалив отпад затоа што на тој начин не само што ја загадуваат природата, туку го зголемуваат и ризикот од предизвикање пожари после кои се потребни децении да се надомести шумскиот фонд. Исто така, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола, од ОВР Крушево и од ОВР Ресен реализираа превентивна активност во централните градски подрачја каде на граѓаните им беше укажувано на последиците од употребата на огнено оружје при прослави и други свечености, како и за законските санкции. Покрај овие активности, СВР Битола преку сите Одделенија за внатрешни работи реализираше и превентивни активности во насока на заштита од кражби и измами преку злоупотреби на лични податоци, а и во делот на сообраќајот посебен акцент беше ставен на штетноста и казнивоста од конзумирањето алкохол и користење на мобилен телефон при возење.