18 август 2023

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

 Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки од своите активности од годишната програма за работа, вчера (16.08.) на подрачјето на општината Сарај, односно селата Глумово и Горна Матка, како и на подрачјето на надлежност на Полициското одделение Шуто Оризари реализираше превентивни активности по однос на оперативниот план „Безбедно лето 2023“. Во кординација со ЈП„Национални шуми“ и Шумска полиција полициските службеници во склоп на кампањата за заштита на шумите од пожари разговараа со граѓаните од овие подрачја укажувајќи на потребата од поголема внимателност и заштита од пожари, особено во никој случај да не се палат стрништа и суви предели со трева. Покрај ова, полициските службеници посветија внимание и на возачите на моторни возила, а во контекст на превенција од шумски пожари, укажувајќи им на дисциплинираност и совесност при управување со возила, пред се да не се фрлаат запаливи отпадоци кои можат да предизвикаат пожари не само покрај патиштата туку и да ги зафатат шумските површини.