Денеска (17.08.) во Берово, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Берово при СВР Штип, на повеќе локации во и околу градот реализираа превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност. Под мотото „Безбедно на мопед“, полициските службеници фокусирајќи се на учесниците во сообраќајот кои што користат мопеди укажуваа на неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Притоа, на возачите на мопеди им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини важни за нивната, но и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.