Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера (15.08.) на подрачјето на општината Чучер – Сандево, поточно во селата Мирковци и Глуво, а согласно оперативниот план „Безбедно лето 2023“ и во кординација со претставници од ЈП„Национални шуми“ и Шумската полиција беа реализирани превентивни активности за заштита на шумите од пожари. Притоа покрај низата конкретни информации и практични совети, полициските службеници на граѓаните им делеа летоци со едукативна содржина, се со цел да се подигне свеста за заштита од шумски пожари.