Денеска (16.08) од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Пробиштип при СВР Штип, а во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ беше спроведена превентивна активност под мотото - „Лето без пожари“. Активноста беше реализирана на подрачјето на градскиот пазар во Пробиштип и при тоа полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Потоа стана збор за тоа како и каде да ги пријавуваат пожарите, односно за начините за превенција и заштита на шумите, со посебен осврт на донесената забрана за движење во шумски појас. Дополнително, на возачите на моторни возила им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите и да не фрлаат догорчиња од цигари или друг запалив отпад затоа што на тој начин не само што ја загадуваат природата, туку на тој начин можат да предизвикаат пожари после кои се потребни децении да се надомести шумскиот фонд.