14 август 2023

Превентивна активност на РЦГР Исток за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча


Вчера (13.08.) полициски службеници од Регионален центар за гранични работи – Исток и од Полициска станица за граничен надзор Пехчево во селото Двориште, беровско, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ реализираа превентивна активност под мотото - „Сезона без пожари“ и „Да ги чуваме нашите шуми-незаконско сечење на дрва е криминал“.
Во рамките на активноста полициските службеници остварија средба со месното население и во разговор со жителите ги информираа за најчестите причини за шумските пожари и за последиците од нив, а се разговараше и околу незаконското сечење на дрва и директните штети за човекот, животинскиот свет и шумскиот фонд. Исто така граѓаните беа запознаени и со правната регулатива која ја опфаќа оваа област, како и за пропишаните санкции кои се предвидени за прекршување на законските норми.
Истовремено им беше укажано на неопходноста од внимателност и одговорност, особено сега во летниот период, како и за важноста од соработката на локалното население со полицијата и другите надлежни институции, пред се во насока на делумната забрана за движење во шуми во периодот од 06,00 до 20,00 часот, а појаснети им беа и законските одредби со кои се санкционира ова прекршување. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со информативна содржина изработени во соработка со ЈП „Национални шуми