14 август 2023

Превентивни активности на СВР Битола


Полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Ресен, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Прилеп како и од Полициските одделенија Ропотово, Новаци и Велушина при СВР Битола, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола денеска (14.08.) како и во текот на вчерашниот ден , реaлизираа превентивни активности од областа на превенцијата од имотните деликти, а во рамки на поширокиот концепт насловен „Полицијата во заедницата“, односно полицијата како сервис на граѓаните.
Преку низа практични и корисни информации за заштитата од разните облици имотни деликти граѓаните беа информирани за важноста од соработка со полицијата и благовременото пријавување на ваквите случаи во интерес на личната, но и колективната безбедност во заедницата. Исто така, на подрачје на Крушево , од страна на полициски службеници од ОВР Крушево беше спроведена превентивна активност во рамки на кампањата за заштита на шумите од пожари во летниот период. Притоа, со делење на летоци со едукативна содржина, како и во непосредна комуникација со граѓаните беше укажувано на ризиците, но и последиците од шумските пожари, како по безбедноста така и по однос на загрозувањето на шумскиот фонд.
Полициски службеници од полициските одделенија за безбедност на сообраќајот Ресен и Крушево реализираа превентивни активности во делот на безбедноста на сообраќајот на тема – „Вози одморен" и „ Јас и ти сите сме пешаци“.