12 август 2023

Одделението за превенција при СВР Скопје на Средно Водно со кампања за заштита на шумите од пожари

Денеска (12.08.2023) Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ во близина на жичарницата и околните летниковци на Средно Водно, каде за време на викендите голем број на граѓани се рекреираат и спортуваат, спроведе превентивна активност „Кампања за заштита на шумите од пожари“.
На присутните граѓани им беа поделени летоци со едукативна содржина, а кампањата има за цел подигање на свесноста додека патуваат со своите моторни возила или се движат во предели каде има шуми и сува трева, да не фрлат запаливи предмети, догорчиња од цигари и да не палат оган на отворен простор, бидејќи на тој начин многу брзо и лесно може да се предизвика пожар во околината, а со тоа и последици со несогледливи размери.