Вчера (10.08.) полициските службеници од Регионален центар за гранични работи – Исток и од Полициска станица од општа надлежност Берово, во рамките на кампањата „Безбедно лето“ во село Црник, беровско, реализираа средба со граѓани на темите: „Лето без пожари“ и „Безбедно во сообраќајот“. Присутните граѓани преку видео презентација беа запознаени со причините и последиците за настанување на пожари на отворен простор, начинот на заштита од пожарите, навременото информирање при забележување пожар и почитување на делумната забрана за движење во шумите во терминот од 06.00 до 20.00 часот. На присутните граѓани им беа поделени летоци со едукативна содржина за заштита од пожари. По однос на темата од областа на безбедноста во сообраќајот граѓаните беа запознаени за најчестите причини за сообраќајните незгоди и последиците од нив, а полициските службеници упатија апел за строго почитување на сообраќајните правила и прописи, особено во поглед на прилагодување на брзината според ознаките на патот.