Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (10.08.) на подрачје под надлежност на Полициската станица од општа надлежност Драчево, односно во селата Драчево и Студеничани, постапувајќи согласно оперативниот план „Безбедно лето“, реализираше превентивни активности за спречување на бесправната сеча на шума.
Исто така, на подрачје на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода, беа спроведени активности на тема „Превенција од имотни деликти“ при што акцентот беше ставен на заштита на имотот на граѓаните, заштита од кражби, измами и разбојништва, како дел од општата безбедност на заедницата. При спроведување на активностите полициските службеници презентираа практични искуства и совети за овие важни теми за безбедноста и сигурноста во заедницата.
И на подрачјата на надлежност на Полициските станици од општа надлежност Карпош, Гази Баба и Кисела Вода, односно во селото Злокуќани и населеното место „Влае II“, потоа во селата Раштак, Булачани, Драчево, како и во парк шумата Гази Баба, се реализираа превентивни активности од кампања за заштита на шумите од пожари, каде што со делење на летоци со едукативна содржина и поставување на плакати на видни места и објекти каде има голема фреквенција на движење, на граѓаните им се укажуваше за потребата од совесност и одговорност заради избегнување на ризиците од предизвикување на пожари.