10 август 2023

Превентивни активности на СВР Битола


Во текот на вчерашниот ден и денеска (09./10.08) полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Крушево и Ресен и Полициското одделение Велужина, при СВР Битола, во селата Норово, Алданци, Врбоец, Св.Митрани, Пресил и Бучин, како и во селата Јанковец, Лажец, Кишава, Градешница и Драгош во соработка со претставници од Шумската полиција и од ЈП„Национални шуми“ реализираа превентивни активности под мотото – „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“.
Притоа, во погоре споменатите населени места низ средби и разговори со месното население, граѓаните беа информирани за најчестите причини, но и за последиците од шумските пожари и од дрвокрадството како и околу директни штети по шумскиот фонд што ги предизвикуваат овие појави. Истовремено, се апелираше до граѓаните за внимателност и одговорност, особено сега во летниот период, како и за важноста од соработката на локалното население со полицијата и другите надлежни институции. Локалното население беше запознато и со правната регулатива која ја опфаќа оваа област, како и за пропишаните санкции кои се предвидени за прекршување на законските норми.
Воедно, граѓаните беа запознати со актуелната делумна забрана на движење по шумите и шумското земјиште во периодот од 06,00 до 20,00 часот, а појаснети беа и законските одредби со кои се санкционира ова прекршување. Покрај ова, полициските службеници на граѓаните им делеа едукативни летоци со информативни содржини изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“.
Исто така, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола, потоа од Одделенијата за внатрешни работи Прилеп и Ресен на повеќе локации во овие градови реализираа превентивни активности посветени на општата безбедност со посебен акцент на имотните деликти и на злоупотребата на оружјето при веселби и прослави.
Во текот на активностите на граѓаните и на сопствениците на деловни објекти им беше укажувано за мерките за заштита од имотни деликти особено оние најспецифичните како што се разбојништвата, џепните кражби и измамите. Особено беше потенцирано дека благовременото пријавување на ваквите деликти е од суштинска важност. И во делот на безбедноста на сообраќајот вчера на подрачјето на ОВР Крушево и ОВР Ресен беа реализириани превентивни активности под мото: „Стави појас“ потоа „Не користи мобилен телефон додека возиш“, и „Намали брзина“.