Денеска (08.08.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето-2023“, одржаа средба со претставниците на тетовските спортските клубови „Шкендија“, „Тетекс“, и „ЖФК –Љуботен“, при што беше разговарано околу важноста од почитување на одредбите од Законот за спречување на насилство на спортските натпревари, односно за прашања што се однесуваат на насилството и недостојното однесување на спортски натпревари, како и за мерките за нивно спречување заради безбедност на гледачите, натпреварувачите и другите учесници во спортските натпревари. Особено беа нагласени обврските на организаторите и овластувањата на надлежните органи за спроведување на тие мерки, а исто така беше разговарано и околу навременото пријавување на спортски натпревари или било какви останати форми на јавни собири.