07 август 2023

Превентивни активности на ОВР Делчево


Полициски службеници од ОВР Делчево денеска (07.08.) заедно со полициски слбеници од ПО за безбедност на патниот сообраќај Делечево реализираа превентивни активности на повеќе локации во градот Делчево.
Превентивните активности на темата поврзана со концептот за полицијата како сервис на граѓаните а под мотото „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“ се спроведоа преку непосредни средби и разговори со граѓани, со сопственици на продавници, маркети, аптеки, како и при посета на паркови, при што беа давани корисни информации и совети од областа на превенцијата од имотните деликти, формите и начините на имотниот криминал. Покрај ова, се зборуваше и за начините и постапките кои треба да се преземат со цел граѓаните да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела, односно на што треба посебно да внимаваат. Особено беше нагласена важноста од соработка на полицијата со граѓаните и навремено известување на полицијата, а беа делени летоци со печатени содржини од областа на имотните деликти .
Исто така беше спроведена и превентивна активност од областа на сообраќајот, а под мотото „Не зборувај на мобилен телефон додека возиш“ и притоа на возачите им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат согласно сообраќајните правила и прописи - да не користат мобилен телефон додека го управуваат патничкото моторно возило. И во таа прилика на возачите им беа делени едукативни печатени материјали изработени со поддршка од РСБСП.