Денеска (07.08.) полициски службеници при Одделението за внатрешни работи Свети Николе во централното градско подрачје реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот под мотото – „И јас и ти сме пешаци“. Целта на превентивната активност беше зголемување на безбедноста во сообраќајот, фокусирана кон сите учесници во сообраќајот, но со посебно внимание кон пешаците, особено повозрасните граѓани и децата.
Притоа, на граѓаните им беа делени едукативно-информативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а воедно им беше укажувано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи заради намалување на ризиците од сообраќајни несреќи, односно зголемување на безбедноста во сообраќајот.