04 август 2023

Превентивни активности на СВР Куманово

 Денеска (04.08.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, реализираа превентивна активност во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“. Притоа, во селата Слупчане, Оризаре, Матејче, Ропаљце и Никуштак, липковско, беа остварени средби со жителите од овие места, каде е разговарано за опасноста од употребата на оружје за време на одржување прослави под мотото - „Слави со срце, не со оружје“. Целта на превентивната активност е подигнување на свеста кај граѓаните околу можните последици од употребата на оружје на јавно место за време на одржување на веселби и секаков друг вид на манифестации. Воедно, на граѓаните им беше поделен едукативен материјал во кој се потенцирани последиците од употребата на оружје на семејни веселби, а беа информирани и за законските одредби што го санкционираат таквото однесување како и за казните кои се изрекуваат. Исто така во непосредна комуникација со жителите и сопствениците на продажни објекти им беше укажано за начинот на кој може да се заштитат од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби. Воедно, на граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали.