Вчера (03.08.) на подрачјето на Кичево, како и во кичевските села Зајас, Осломеј и Строгомиште, од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево беа реализирани активности поврзани со превентивната кампања „Безбедно лето 2023“. Полициските службеници, на средбите со граѓаните и жителите од овие места говореа на повеќе теми важни за безбедноста и сигурноста во заедницата, почнувајќи од незаконското употребување на оружје при прослави и веселби, потоа заштита на шумскиот фонд како од пожари така и од дрвокрадство, односно бесрпавна сеча на шуми, како и за прашања што ја тангираат безбедноста на сите учесници во сообраќајот. На граѓаните им беа поделени повеќе едукативни материјали со корисни и важни информации, а изработени во соработка на полицијата со РСБСП и ЈП„Национални шуми“.