Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, во координација со полициски службеници од Полициската станица Центар, постапувајќи по оперативниот план „Безбедно лето 2023“ денеска (04.08.) на потегот до Средно Водно беа реализирани превентивни активности од кампањата за заштита на шумите од пожари. Притоа, на средбите со рекеративците полициските службеници објаснуваа и информираа за мерките за претпазливост и одговорност при движење во шумски појаси, а беа делени и печатени материјали со едукативна содржина на граѓаните, а изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“. Целта на активностите беше насочена кон подигнување на јавната свест за заштита на шумскиот фонд како општо, јавно добро и информирање за последиците што можат да ги предизвикаат шумски пожари.