Секторот за внатрешни работи Штип, односно полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица од општа надлежност Штип, денеска (04.08.) реализираа превентивни активности во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, како и во рамки концептот – полицијата сервис на граѓаните, а посветено на проблематиката на имотните деликти. Така, на повеќе локации во Штип во непосредна комуникација со граѓаните се разговараше за начините на детектирање на ризиците, за заштитата од имотни деликти (кражби, џебни кражби, разбојништва и измами), а на граѓаните им беа делени печатени материјали со едукативни и информативни содржини за ефикасна заштита од имотни деликти. Исто така, денеска (04.08.) на подрачјето на СВР Штип, односно во Берово на улиците „Маршал Тито“ и „23 Август“, полициски службеници при ОВР Берово спроведоа превентивно едуктивна кампања „Безбедно на мопед“. На возачите на мопеди покрај апелите за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи особено во поглед на задолжителното носење на заштитен шлем, им се делеа летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП. Во текот, пак, на вчерашниот ден (03.08.) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Виница, а согласно планот за реализација на превентивните активности, реализираа акција под мото – “Лето без пожари“. Притоа, на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница полициските службеници во разговор со возачите и сопатниците укажуваа на важноста од заштитата од пожари, а беа делени и печатени материјали со едукативна содржина, изработено во соработка со ЈП „Национални шуми“.