Денеска (03.08) во Битола и Прилеп полициски службеници од СВР Битола во насока на натамошно интензивирање на концептот за соработка на полицијата со заедницата, особено во поглед на превенција и заштита од имотните деликти (разбојништва, кражби, измами...) реализираа превентивни активности за едукација на граѓаните за благовремено превенирање на овие појави. Преку непосредни контакти со граѓаните, полициски службеници апелираа до нив да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните податоци (личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации) со цел да не се дозволи да бидат жртва на ваквиот вид измами и дека од голема важност е благовременото пријавување на истите во полиција. Исто така ,во рамките на превентивната активност со граѓаните, со сопствениците на продавници, на колонијални дуќани, аптеки, трафики, со пазарџиите, беше разговарано со граѓаните околу низа аспекти на превенција на дрски кражби, разбојништва и кражби, пред се кај постарите категории граѓани. Покрај ова, на цело подрачје на СВР Битола продолжува реализицијата на превентивните активности во рамки на проектите – „Лето без пожари“ и „Слави со срце, не со оружје“, а во насока на поголема внимателност, одговорност и совесност на граѓаните и кон јавните добра и кон безбедноста на луѓето. Полициски службеници од ОВР Прилеп, пак, во делот на безбедноста на сообраќајот реализира превентивна активност на тема – „Вози одговорно стави појас“ и „Не зборувај на мобилен кога возиш“ при што на возачите им беа делени и летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.